Достапни линкови

Ирански предлози за разговори со големите сили


Иран денеска се очекува да го претстави пакетот предлози за разговори со светските сили. Ова вчера го најави шефот на иранската дипломатија Манучер Мотаки, но притоа не соопшти никакви детали. Во понеделникот претеседателот Махмуд Ахмадинеџад изјави дека Иран ќе им презентира на петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации предлози за справување со глобалните предизвици. Сепак, тој повтори дека Иран не сака да преговора за својата нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG