Достапни линкови

Регионална конференција на министри за внатрешни работи


Во Брдо кај Крањ, во Словенија, завршува дводневната Регионална министерска конференција за илегална миграција, организиран криминал, корупција и тероризам, на која денеска ќе учествува и македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. На собирот ќе биде тематизирана и визната либерализација и презентиран прогресот на секоја од земјите вклучени во дијалогот. Министрите за внатрешни работи ќе дискутираат и за идниот развој на полициската соработка во Југоисточна Европа и за размена на добрите практики во борбата против тероризмот. Министерствата за внатрешни работи на Австрија, Романија, Словенија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и на Србија ќе потпишат Меморандум за разбирање за поддршка и воспоставување на Единици за меѓународна координација на органите надлежни за спроведување на законот.
XS
SM
MD
LG