Достапни линкови

Седум турски војници загинаа во судири со курдските бунтовници


Седум турски војници загинаа вчера во два оружени судира со бунтовниците од Курдската работничка партија. Турската војска деновиве започна операција во округот Шемдинли, во источна Турција, при што ги повика курдските бунтовници, кои таму имаат бази, да се предадат. Турската влада бара поддршка од јавноста за иницијативата да се завршат повеќедецениските судири со курдските бунтовници, но не објави како планира тоа да го спроведе.
XS
SM
MD
LG