Достапни линкови

Прилепчани шокирани од сметките за данок на имот


Прилеп
Прилеп

Се погласни се реакциите на прилепчани, зашто и годинава добија решенија за исплата на данок на имот, но со многу поголеми суми отколку минатата година, кога данокот им беше зголемен дури и за 200%.

Се погласни се реакциите на прилепчани, зашто и годинава добија решенија за исплата на данок на имот, но со многу поголеми суми отколку минатата година, кога данокот им беше зголемен дури и за 200%. Тогаш имаше многу бурни реакции на граѓаните,фирмите, а од Одделот за администрирање даноци информираа дека за прв пат во Прилеп во оваа сфера се вложуваат напори да се воведе ред, т.е. да се плаќа данок кој е соодветен на недвижниот имот што се проценува. По многу жалби дури и од фирмите се менуваа цифрите и откриваа пропустите во таканаречената методологија за пресметување на даноци. И само што граѓаните се помирија со фактот дека треба да плаќаат многу повисок данок од пред тоа, годинава им стигнаа решенија со нови суми како што тврдат, кои велат не им е јасно по која методологија сега се пресметани,зашто станува збор за астрономски суми, кои ни случајно не се реални, како што тврдат.

„Порезот се зголеми преку 150%, јас плаќав 300 денари, а сега 1500 денари.Кај го има тоа, никаде го нема, му требаат пари, јас пензионер, инвалид, земам 6500 денари. Плус тоа ми бараат таксени марки, ако се уважи жалбата да ги вратат парите, ако не нема да се вратат парите. Едноставно граѓанинот е оштетен.“

вели револтирано Димко Андоноски од Прилеп.Но, тој е само еден од стотиците граѓани кои секојдневно својот револт го манифестираат во Одделот за администрирање даноци.

„Во друга држава 10% да се покачи цената цела држава лом ќе се направи, овде брате ти поскапуваат со 150% и сето е уби боже. Не европски цени, а плати албански. Да се вратат цените, само ненормална држава ова го прави.“

„Лани, оломнани на 800 денари, сега на 2000 денари. Ама кој ќе плака 2000 денари, море луѓе, со кои пари ќе плаќаме.“

И општинската организација на СДСМ жестоко го критикува овој чекор на локалната власт.

„Кога во услови на светска криза, како резултат на рецесијата цените на недвижностите драстично паѓаат во светот, континуирано паѓаат и низ цела Македонија веќе еден месец. За неполни 3 недели недивижниот имот во републикава загуби 15% од својата вредност.“

Предизборната најава за намалување на даноците се покажа дека била само ефтин преизборен маркетинг и уште една портокалова лага.
коментира Драган Миноски, од општинската СДСМ.Наспроти овие реакции од локалниот оддел за администрирање даноци велат дека зголемените даноци се резултат на реална проценка, која не се правела изминатите години. Новина годинава е што за прв пат се оданочува и дворното место.

„Работиме во 2009 година согласно методологијата која што произлегува согласно законот за даноци на имот и која е обавезен дел во спроведувањето на даночната политика.“

Објаснува, Бошко Талески раководител на одделот за администрирање даноци во Локалната самоуправа. Инаку во Прилеп има евидентирано околу 20.000 даночни обврзници.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG