Достапни линкови

До НАТО и ЕУ преку соработка со соседите?


Македонија треба да соработува со Албанија и со Косово за да може побргу да се интегрира во ЕУ и НАТО, но сето тоа нема многу да и помогне ако првин не се реши прашањето за името со Грција, велат дел од политичарите и експертите , коментирајќи ја изјавата на албанскиот премиер Сали Бериша кој изјави дека ќе се залага заедно со владите на Косово и на Македонија, што е можно побргу да се воспостават стандардите кои се вредност на просторите на ЕУ. Бериша изјави и дека конечно е дојдено време кога идеалот за национално единство на албанскиот народ ќе се изедначи ос европскиот идеал. Тој додаде дека постои само една албанска нација , а тие кои мислат дека има три нации албанци, треба да заборават на тоа. Иако и претходно имало разговори за
меѓусебна помош и взаемна поддршка на Македонија и Албанија за интеграцијата во Евро-атлантските структури, од државниот врв велат дека досега од албанска страна не добиле покана за соработка, но ако има таква понуда ќе се разгледа. И од ДУИ, коалициониот партнер во Владата, велат дека е потребна соработка.

„Нашата влада со Албанија треба да има секаква соработка. Исто и со Косово, со сите соседи.„

Вели Џеват Адеми од ДУИ. На Македонија повеќе од било кога и е потребна подршака од соседите, велат од Нова Демократија.
„Владата на Македонија треба разумно да го разгледа, нормално и позитивно да ја разлгеда оваа покана од албанскиот премиер. Бидејќи само со интегративни процеси, заеднички успеси може да добиваат сите држави во регионот.“
Вели портпаролот на НД, Аријанит Хоџа. Албанците се една нација, и треба да учестуваат во проект кој ќе значи побрзо евроинтегрирање на трите држави. Но тоа не треба да се сфати во негативен контекст, објаснува професорот Назми Малиќи.
„Ако се губи суверенитетот со членување во ЕУ, ако се свати таа порака како таква тогаш го губат сите.“
Македонија веќе соработуваше со Албанија, како дел од Јадранската група за влезот во НАТО, меѓутоа заради нерешеното прашање за името со Грција, Македонија остана надвор од НАТО интеграциите. Добрососедските односи и меѓусебната подршка никогаш не се на одмет, но не се и пресудни вели поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин.
„За нас, ние навистина немаме потреба од било каква помош од соседите, но секогаш е добро да имаме добри соседски односи.“
вели Нано Ружин.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG