Достапни линкови

logo-print

Боцвана, 126 земја со која Македонија воспостави дипломатски односи


Република Македонија и Република Боцвана воспоставија дипломатски односи. Документот, како што соопшти МНР,. го парафираа шефовите на мисиите на двете држави при Обединетите нации во Њујорк, Слободан Ташовски и Чарлс Нтваге. Република Боцвана, најголемиот извозник на дијаманти, сместена на југот на Африка со приближно два милиони жители, е 126-та земја со која Република Македонија воспоставила дипломатски односи под уставното име. Двајцата амбасадори потпишаа и заедничко писмо, упатено до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, со кое се доставува Коминикето и се замолува генералниот секретар да го дистрибуира како официјален документ на ОН до сите земји-членки, стои во соопштението од Министерството. Минатиот месец, Република Македонија воспостави дипломатски односи под уставното име и со Принципатот Андора.
XS
SM
MD
LG