Достапни линкови

logo-print

ОН: Стоп за сите изборни злоупотреби во Авганистан


Преставникот на Обединетите Нации во Авганистан Каи Еиде повика да се исклучат од изборните пресметки сите избирачки ливчиња за кои постојат докази за нерегуларност. Во очекување на финалните резултати од изборите на 20 август, во земјата има многу обвинувања за изборни злоупотреби. Независната изборна Комисија отфрли резулати од 447 изборни места со околу 200 илјади гласови. Од 74 насто преброни гласови, Претседателот Хамид Карзаи доби речиси 49 насто, а неговиот главен ривал Абдула Абдула 32 проценти. На Карзаи му се потребни 50 насто за да нема втор круг гласање.
XS
SM
MD
LG