Достапни линкови

logo-print

Бомбашки напад пред аеродромот во Кабул


Најмалку две лица загинаа, а неколку се ранети во самоубиствен напад со автомобил-бомба на меѓународниот аеродром во главниот град на Авганистан, Кабул. Жртвите се цивили, а ,како што соопшти полицијата, бомбашот ја активирал експлозивната направа во автомобилот во близина на влезот на аеродромот. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците, според кои, цел бил конвој на НАТО. Според талибанците биле уништени три возила на Алијансата, која пак засега не излезе со детали за инцидентот.
XS
SM
MD
LG