Достапни линкови

Иран и Венецуала со меѓусебна енергетска соработка


Иран и Венецуала се договорија за меѓусебна соработка во енергетскиот сектор, за време на посетата на венецуелскиот претседател Уго Чавез на Техеран. Според интернет страницата на иранското министерство за нафта, државната венецуелска нафтена компанија вети дека ќе инвестира 760 милиони долари во иранско наоѓалиште за природен гас. Иран, пак, ќе инвестира исто толку во две нафтени наоѓалишта во Венецуела.
Во неделата, Чавез рече дека неговата земја ќе почне да извезува гориво во Иран, во октомври. Иран е голем производител на нафта, но поради несоодветна домашната преработка, се уште увезува бензин за да ја задоволи домашната потрошувачка.
XS
SM
MD
LG