Достапни линкови

Учесник на Биеналето на млади уметници заболен од новиот грип


Вирусот на новиот тип е пронајден кај еден хоспитализиран пациент, покажуваат лабораториските анализи направени во Институтот за јавно здравје. Заболениот е државјанин на Италија и учесник на Биеналето на млади уметници од Европа и Медитеранот што се одржува во Скопје,
Пациентот се чувствува добро и веднаш му е дадена терапија со тамифлу, соопштува Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести во Скопје досега болнички се лекувани 144 пациенти, од кои кај 43 е потврден вирусот на новиот грип.
XS
SM
MD
LG