Достапни линкови

Ахтисари: ЕУ ги кочи преговорите со Турција


Претседателот на независната комисија за Турција Марти Ахтисари ја обвинува Европската унија дека ги кочи преговорите за зачленување на Турција во Унијата. Тој оценува дека тоа ја загрозува репутацијата на Европската унија како доверлив партнер во светот.
Ахтисари вели дека е потребно Европската унија да ги поттикне преговорите за членство на Турција кои почнаа во 2005 година, за да покаже дека е определена за преговори и покрај противењето на неколку членки на Унијата.
Противници на турското членство во Унијата се Франција, Германија, Кипар и Грција.
XS
SM
MD
LG