Достапни линкови

Меркел и Браун предложија конференција за безбедноста во Авганистан


Велика Британија и Германија повикаа на одржување меѓународна конференција за Авганистан, на која би се утврдил план за пренесување на надлежноста за безбедноста во земјата од НАТО силите на авганистанските власти. Оваа иницијатива ја објавија германскиот канцелар Ангела Меркел и британскиот премиер Гордон Браун на прес конференција во Берлин, соопштувајки дека зад оваа идеја стои и францускиот претседател Никола Саркози. Според нив, со тоа би се отворил патот и за намалување на бројот на војниците на НАТО во Авганистан.
XS
SM
MD
LG