Достапни линкови

Рецесијата поминува - невработеноста се влошува


Работници

Работници

Прво дојде кризата, а потоа рецесијата. Сега има знаци дека големите светски економии се на пат на обновата. Но, покрај добрите има и лоши вести. Што се однесува до обичните луѓе, проблемот со невработеноста и натаму ке се влошува.

Прво добрата вест. Kако што наведува во текстот од Вашингтон нашиот дописник Кетлин Мур, има се повеке докази дека глобалната економија е на добар пат да излезе од кризата. Лошата вест пак е дека и покрај економскиот раст, се повеќе и повеќе луѓе остануваат без работа, барем на краткорочен или на среден рок. Во Соединетите Држави, Канцеларија за буџет на Конгресот очекува невработеноста до средината на следната година да достигне 10,4 проценти - дури и ако предвидувањате се дека економија ке почне да расте во втората половина на 2009 година. Во евро-зоната, невработеност достигна рекордни 9,5 проценти во јули и се очекува да продолжи да расте, дури и ако најголемите економии - француската и германската веќе излегуваат од рецесија. Еве што вели Генералниот директор на Меѓународната организација на трудот на ОН, Хуан Сомавиа

"Историски, искуствата и податоците од минатите кризи укажуваат дека има 4 – 5 годишен расчекор меѓу економскиот раст и излегувањето од кризата со невработеноста. Значи, ние очекуваме дека се заедно кризата со работните места ке трае од 6 до 8 години“.
Искуствата покажуваат дека има 4 - 5 годишен расчекор меѓу економскиот раст и излегувањето од кризата со невработеноста. Ние очекуваме кризата со работните места да трае од 6 до 8 години

Според Сомавиа, тоа е така бидејки, треба време за економиите по излез од рецесијата да се вратат на местата кои беа порано.Тоа значи дека фирмите најверојатно пред да почнат да вработуваат, ќе чекаат додека не сте сигурни дека добри времиња дефинтивно се вратија. Во меѓувреме колку повеке луѓе ке бараат работа, толку потешко ке им биде да ја најдат.Професорот Ричард Џекмен е експерт за пазарот на трудот на Лондонската школа за економија.

"Компании не се подготвени, или во некои случаи, не можеа да отпуштаат работници кога работите беа лоши, па ја почнуваат обновaта со често повеќе работници отколку што всушност имаат потреба. Тие, исто така, поминаа низ период на депресија без профит, и не можат да започнат да вработуваат нови работници, кога се уште се бараат начини како да ги намалат трошоците по периодот на рецесија."

Дури и кога една економија почнува да расте, растот може да биде премногу бавен за да повлече и намалување на невработеноста. Во САД, на пример, има поголемо работоспособното население и пораст на продуктивноста. Тоа значи дека повеќе луѓе бараат работа, а од друга страна фирмите се во состојба да произведуваат на истото ниво како и пред кризата, но со помалку работници. Еве како тоа го објаснува Питер Moричи професор по меѓународен бизнис на Универзитетот во Мериленд.

"Економијата мора да се зголеми на 3 отсто, со цел за невработеноста да се намалува. Мошне едноставно, - имаме 2-проценти раст на продуктивноста и 1 процент раст на работната сила, односно пораст на популација на возрасни работоспособни луѓе. Значи, ако не се случи економски раст од 3 насто, невработеноста ке расте."

Друга причина што невработеност има тенденција да расте, колку и да е тоа чудно, е што кога една економија ќе излезе од рецесија невработените стануваат оптимисти во врска со нивните шанси за работа. Имено, тогаш се зголемува стапката на невработеност, бидејки и оние претходно обесхрабрените бараат работа, а тие не беа во статистиката поради тоа што се сметаат само оние луѓе кои активно бараат работа - а не и оние кои ќе престанале затоа што изгубиле надеж. Невработеноста е всушност индикатор за тоа што се случувало и случува во една економија, а не и што ке се случува. Тоа е велат мала утеха за оние кои следната година ке им се приклучат на редицата невработени.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG