Достапни линкови

Почнува Европското првенство во кошарка


Од денеска до 20-ти септември во седум градови во Полска ќе се одржи 36-тото Европско првенство во кошарка. Вкупно 16 репрезентации ќе бидат поделени во четири групи, а трите првопласирани ќе го продолжат натпреварувањето во втората фаза. По пауза од 10 години учесник на Евробаскетот ќе биде и македонската репрезентација, која ќе игра во А групата заедно со Хрватска, Израел и Грција. Во првото коло денеска во 16:30 часот Македонија игра против Грција, а во 19:15 часот играат Хрватска и Израел. Натпреварите од групата А ќе се играат во Познањ.
XS
SM
MD
LG