Достапни линкови

Македонија на ЕП во кошарка во Полска


Врбица Стефанов
Врбица Стефанов

По десет годишна пауза македoнската репрезентативна кошарка се враќа на врвната европска сцена. Од 7 - ми до 20 - ти овој месец, нашиот најдобар национален тим ќе настапи на ЕП во Полска, каде што ќе бидеме дел од групата во која се и Грција, Хрватска и Израел.

По десет годишна пауза македoнската репрезентативна кошарка се враќа на врвната европска сцена. Од 7 - ми до 20 - ти овој месец, нашиот најдобар национален тим ќе настапи на ЕП во Полска, каде што ќе бидеме дел од групата во која се и Грција, Хрватска и Израел. Противници за респект, но ривали со кои избраниците на селекторот Јовица Арсиќ веруваат дека можат да се носат. И не само тоа, по успешно одработените подготовки во кои забележаа 6 победи, нашите кошаркари се убедени дека на Еуро ќе направат големо изненадување. Сепак, за почеток, како основна цел центарот Тодор Гечевски го издвојува надминувањето на пласманот од шампионатот во Франција пред една деценија, односно освојување на третото место во групата и влез меѓу 12-те најдобри.

„Иако имаме релативно тешка група, каде што има квалитетни репрезентации како Хрватска и Грција и една би рекол екипа со квалитет како нашата репрезентација Израел. Меѓутоа мислам дека со една победа над Израел би можеле да ги оствариме нашите очекувања и да одиме понатаму.“
Победа се надевам дека сите мислиме исто. Грција е солиден состав, но мислам дека имаме шанса да победиме и многу поголеми екипи. Така што очекувам добар натпревар и дека ќе славиме


Вели Гечевски.
Сите во националниот тим се убедени дека нема да имаме посериозни проблеми во исполнувањето на овој императив. И не само тоа. Кошаркарите веруваат дека можеме да ја совладаме и Хрватска, па и Грција, со која од 16 часот и 30 минути во Познањ ќе го отвориме годинашниот собир на најдобрите европски селекции. Тој меч се чека со нетрпение во домашната јавност, но и меѓу нашите кошаркари, кои се свесни дека двократниот европски шампион е фаворит на хартија. Сепак, тоа не ги демотивира. Напротив, тие со своите изјави уште повеќе ја загреваат атмосферата, а крилниот центар Перо Антиќ им порачува на навивачите да се подготват за:

„Победа се надевам дека сите мислиме исто. Грција е солиден состав, но мислам дека имаме шанса да победиме и многу поголеми екипи. Така што очекувам добар натпревар и дека ќе славиме.“

Изјави Антиќ, кој во свој стил додаде и дека во овој момент задоволен ќе биде само ако на крајот освоиме златен медал, бидејќи неговите желби и амбиции не застануваат на второто, петтото или седмото место.
Големиот оптимизам е присутен и кај капитенот Врбица Стефанов. Тој во Полска ќе ја заврши својата импресивна кариера, а неговата желба е тоа да се случи и со влез меѓу првите осум на Стариот континент. Подвиг кој го смета за остварлив, бидејќи:

„Не е само да присустуваме таму и да одиме да го изиграме турнирот, туку да создаваме и една позитивна, победничка атмосфера. Тоа претходниот период го кажавме и верувам дека вториот круг ќе биде исполнување на мојата лична желба.“

Рече Стефанов.
XS
SM
MD
LG