Достапни линкови

Одложено извлекувањето на потонатиот брод во Охрид


Извлекувањето на потонатиот брод од водите на Охридското Езеро е одложено за утре, поради неповолните временски услови, изјави членот на мешовитата македонско-бугарска експертска комисија Златко Клечкароски. Комисијата треба да ги утврди околностите и причините за потонувањето на бродот „Илинден“ при што загинаа 15 бугарски државјани.
Денска и бугарското обвинителство започна истрага за инцидентот.
Претходно, пловдивскиот митрополит Николај од Бугарската православна црква, оцени дека несреќата е „божја казна“, поради тоа што пејачката Мадона одржа концерт на денот кога била отсечена главата на Јован Крстител.
XS
SM
MD
LG