Достапни линкови

Ирански реформист ја обвинува власта за фашизам


Иранскиот реформист и поранешен претседател Мохамад Катами ги обвини конзервативците за фашистички или тоталитаристички пристап. На средба со универзитетски професори во Техеран, Катами рече дека „се противи на толкувањето на религијата од оние, кои во име на конфронтација со западниот либерализам сакаат, со сила да ги донесат луѓето на патот што тие го сметаат за просперитетен, користејќи фашистички или тоталитаристички пристап“, пренесува новинската агенција ИЛНА.

XS
SM
MD
LG