Достапни линкови

logo-print

Солана: Поголема соработка со авганистанската влада


Новата авганистанска влада што треба да се избере по соопштувањето на официјалните резултати од изборите, мора да има поблиска соработка со меѓународната заедница, вели шефот за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Хавиер Солана. За шпанското радио Кадена Сер тој изјави дека новата влада мора да биде посветена на антикорупциските активности. Тој, вчара, побара построги правила за доделување финансиска помош за Авганистан, која ќе биде условена со владината борба против корупцијата.
XS
SM
MD
LG