Достапни линкови

logo-print

Ајатолахот ја менува наставната програма во Иран?


Наставната програма за општествени науки на универзитетите во Иран ќе се ревидира, откако врховниот лидер рече дека таа ги тера студентите да ја преиспитуваат верата, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.
Директорот на институтот за општествени и културолошки студии вели дека добил задача да ја ревидира наставната програма, затоа што голем дел од програмата „не е во согласност со иранско-исламската култура“. Тој посочува дека програмата ќе биде променета согласно со препораките на врховниот лидер.
Ајатолахот Али Хамнеи, претходно, рече дека многу општествени науки се засновани на „ филозофии чии темели се материјализам и недоверба во божјите и исламските учења“.
XS
SM
MD
LG