Достапни линкови

МВР: Бродот потонал поради пукната сајла


Министерството за внатрешни работи соопштува дека пукната сајла е причина за вчерашната бродска несреќа во Охрид, во која загинаа 15 бугарски туристи.
Од извршениот увид и подводното снимање од страна на нуркачките екипи утврдено е дека пукнала една од сајлите на бродот по што истиот изглегол вон контрола и се навалил во десно, а набргу потоа потонал, соопштува МВР.
Истражен судија, ноќеска му одреди 30 дена притвор на капетанот на бродот. Охридската полиција, против капетанот и неговиот заменик, поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека сториле кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, затоа што не се придржувале кон прописите за безбедност на бродски сообраќај со средство за масовен јавен превоз и со тоа предизвикале опасност за животот и телото на луѓето.
XS
SM
MD
LG