Достапни линкови

logo-print

Израел ќе гради на Западниот Брег


Израел потврди дека планира изградба на нови живеалишта во доселеничките населби на Западниот Брег, пред да почне да размислува за запирање на градбите, и покрај тоа што Вашингтон го критикува таквиот чекор. Министерот за транспорт Израел Кац, за израелското државно радио изјави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе одлучи за градењето стотици живеалишта, во наредните денови.
Белата куќа изрази жалење за новиот план за градење и оцени дека ваквите акции го отежнуваат создавањето поволна клима за мировни преговори на Блискиот Исток.
XS
SM
MD
LG