Достапни линкови

Техеран: Почитувајте ја волјата на Иранците


Иран ги повика Соединетите Американски Држави да го почитуваат назначувањето на новиот ирански министер за одбрана, кого Аргентина го бара поради бомбашки напад на еврејскиот центар во Буенос Аирес, во 1994 година. Портпаролот на министерството за надворешни работи вели дека американската влада треба да ја почитува волјата на иранскиот народ.
За Вашингтон, со назначувањето на Ахмад Вахиди, Техеран направил „чекор назад“.
Аргентина го обвинува Вахиди дека стои зад нападот во кој загинаа 85 луѓе. Иран отфрла каква било врска со нападот.
XS
SM
MD
LG