Достапни линкови

Караманлис: Име за сите употреби или нема европерспектива


Ако не се најде взаемно прифатливо име за сите употреби, можe да се загрозат евроатлантските перспективи на Македонија, порача грчкиот премиер Костас Караманлис во синоќешниот говор на отворањето на Меѓународниот саем во Солун.
Караманлис го повика Скопје да се откаже од популистичката и националистичка реторика и да работи за взаемно прифатливо име за сите употреби, јави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Тој рече дека македонските власти мора да сфатат дека историјата не може да се менува или повторно да се пишува.
XS
SM
MD
LG