Достапни линкови

Најмалку 17 загинати при потонување на брод во Охрид


Акцијата за спасување во Охрид

Акцијата за спасување во Охрид

На 200 метри од брегот потонал бродот ,,Илинден" кој главно превезувал бугарски државјани. Според очевидци, бродот потонал поради преоптовареност. Вечерва владата ќе одржи вонредна седница, а неофицијално Министерот за транспорт Миле Јанакиевски поднел оставка од морални причини

Најмалку 17 луѓе загинаа, откако туристичкиот брод „Илинден“ потона на околу 250 метри од брегот, во водите на Охридското Eзеро, во близина на автокампот „Елешец“.Околу 50 тина луѓе се спасиле.Според министерот за одбрана Зоран Коњановски бродот превезувал повеќе патници од дозволеното. Во тек е акција за спасување во која се вклучени нуркачи и жителите на Охрид..Се претпоставува дека бројот на жртвите ќе расте.
Полициски коли одат до градот, носат луѓе, има пронајдено околу 17 луѓе до сега и најверојатно од преоптовареност има потонато бродот. Многу брзо на местото има потонато целиот број, само застанал и потонал. МВР имала вежба со чамци, па ги извадиле брзо луѓето.


,,Полициски коли одат до градот, носат луѓе, има пронајдено околу 17 луѓе до сега и најверојатно од преоптовареност има потонато бродот. Многу брзо на местото има потонато целиот број, само застанал и потонал. МВР имала вежба со чамци, па ги извадиле брзо луѓето. Има осум на МВР чамци, но има и луѓе со приватни чамци и скутери, дојдени се да помогнат, во случај да има некои дополнителни тела или некој да се спаси,"

вели очевидецот Саше Ристовски.

Поголемиот дел од луѓето кои биле на бродот се бугарски туристи кои сакале да го посетет Св.Наум. Според бугарската новинска агенција Фокус во несреќата загинале 13 Бугарски државјани. Агенцијата наведува дека бродот Илинден бил постар од 60 години.
Според бугарската агенција „БТА“ за Охрид , итно со авион заминал и бугарскиот премиер Бојко Борисов а на местото на несреќата се пристигнати и претставници на бугарскат амбасада во Скопје. Вечерва ќе има вонрендна владина седница а владата реши утрешниот ден да го прогласи за ден на жалост. Целиот државен врв во моментов се наоѓа во Охрид. Според информации на медиумите министерот за транспорт Миле Јанакиевски под чија надлежност е езерскиот сообраќај си понесе оставка од морални причини.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG