Достапни линкови

15 тина загинати во бродолом во Охридското Езеро


Од езерото биле спасени неколку десетици патници на туристичкиот брод што патувал за Свети Наум.

Околу 17 луѓе загинаа, откако туристичкиот брод „Илинден“ потона на околу 250 метри од брегот, во водите на Охридското Eзеро, во близина на автокампот „Елешец“. Бројот на жртви може да биде поголем, јавува МИА.

Бродот, според неофицијални информации превезувал група туристи од Бугарија. Во тек е акција за извлекување на телата на жртвите.
Според очевидци, бродот за миг се преполовил и потонал.

Според бугарските медиуми, во несреќата загинале најмалку 13 бугарски државјани. Причината за несреќата се уште не е позната.
Министерот за одбрана Зоран Коњаноски изјави дека во несреќата загинале најмалку 12 луѓе и оти бродод бил технички исправен, но превезувал повеќе патници од дозволеното. Медиумите наведуваат дека бродот Илинден бил постар од 60 години.

Неофицијално, први во помош на патниците од потонатиот брод, дошле луѓе од автокампот. Тие со чамец успеале да спасат голем дел од нив, јавува државната новинска агенција.
XS
SM
MD
LG