Достапни линкови

logo-print

Се зголемува бројот на жртви во охридскиот бродолом


Најмалку 17 луѓе загинаа, откако туристичкиот брод „Илинден“ потона на околу 250 метри од брегот, во водите на Охридското Eзеро, во близина на автокампот „Елешец“.
Бројот на жртви може да биде поголем, јавува МИА. Бродот, според неофицијални информации превезувал група од педесетина туристи од Бугарија.
Според очевидци, бродот за миг се преполовил и потонал.
Според бугарската новинска агенција фокус, во несреќата загинале најмалку 13 бугарски државјани.
Во тек е акција за извлекување на телата на жртвите.
Причината за несреќата се уште не е позната. Фокус наведува дека бродот Илинден бил постар од 60 години.
Неофицијално, први во помош на патниците од потонатиот брод, дошле луѓе од автокампот. Тие со чамец успеале да спасат голем дел од нив, јавува државната новинска агенција.
XS
SM
MD
LG