Достапни линкови

logo-print

Кинески војници на улиците во Урумчи


Илјадници војници, поддржани од тенкови и метални барикади, денеска патролираат во кинескиот град Урумчи, по дводневните демонстрации. До нив дојде поради нападите со игли врз Хан кинезите за кои, според властите во Кина биле одговорни Ујгурите, односно муслиманското население во Урумчи. Во овие напади, според некои наводи, загинале најмалку петмина Хан кинези. Тензиите меѓу Хан кинезите и Ујгурите во јуни годинава ескалираа со масовни насилства во кои загинаа над 200 луѓе.
XS
SM
MD
LG