Достапни линкови

Утре Шкотска - Македонија


Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов против Шкотска ќе се обиде да направи позитивен резултат и со тоа да остане во комбинација за освојување на второто место во деветтата квалификациска група за Светското првенство 2010 година.
Домаќините се фаворити на утрешниот меч кој започнува во 16 часот, но македонските фудбалери се решени да го подобрат пласманот од претходните квалификациски циклуси. Созреани сме да постигнеме поголеми резултатски успеси и да ги израдуваме нашите навивачи. Решени сме да го издржиме притисокот од домашната публика и да останеме непоразени, изјави за МИА капитенот Гоце Седлоски.
XS
SM
MD
LG