Достапни линкови

Карзаи бара истрага за цивилните жртви од НАТО нападот


Канцеларијата авганистанскиот претседател Хамид Карзаи соопшти дека тој е длабоко разочаран од новите цивилни жртви во Авганистан и оти наредил истрага за денешниот инцидент. До ова доаѓа откако и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека веројатно има и цивилни жртви при воздушниот напад на НАТО силите против талибанците во провинцијата Кундуз. Според авганистански претставници, најмалку 90 луѓе загинале.
XS
SM
MD
LG