Достапни линкови

Караџиќ побара одлагање на судскиот процес


Поранешниот лидер на босанските срби Радован Караџиќ побара денеска од Хашкиот трибунал неговото судење да биде одложено за десет месеци, за да може да се подготви за процесот. Судскиот совет веќе претходно најави дека судењето може да почне овој месец. Караџиќ е обвинет за геноцид и злосторства против човештвото, како и земање меѓународни заложници за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.
XS
SM
MD
LG