Достапни линкови

НАТО ги потврди воздушните напади во Кундуз


Официјални преставници на Авганистан соопштија дека во воздушни напади на НАТО врз цистерни со нафта, заробени од талибанците во северен Афганистан, загинале десетици луѓе, меѓу кои и многи цивили. Нато потврди дека презел напади во провинцијата Кундуз чија цел биле милитантите кои ја украле нафтата. НАТО соопшти дека верува оти сите загинати се милитанти, но дека се истражуваат извештаите, според кои има живилни жртви. Според жителите, локалните селани полнеле нафта и за време на нападите имало силна експлозија. Гувернерот на Кундуз изјави дека се стравува оти околу 90 лица загинале. Според дписникот на Слободна Европа, многу од повредените во локалната болница биле цивили.
XS
SM
MD
LG