Достапни линкови

Експлозија во „Први партизан“ во Ужице- седум загинати


Во експлозија во фабриката за оружје „Први партизан“ во Ужице, Србија, синоќа загинале седум работници, од кои шест жени и еден маж, додека 14 работници биле полесно повредени. Несреќата се случила синоќа неколку минути по 21 часот. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека детали за причините за експлозијата, а подоцна и пожарот, ќе има по истрагата што денеска ќе ја изврши полицијата. Фабриката „Први партизан“ од Ужице е витален дел од одбранбената индустрија на Србија.
XS
SM
MD
LG