Достапни линкови

logo-print

Министерот Милошоски на состанок на членките и кандидатите за ЕУ


Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски денеска и утре во Стокхолм ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ и на државите кандидати за членство во Унијата. На дводневниот собир што ќе го води Карл Билд, министерот за надворешни работи на Шведска, ќе стане збор за повеќе актуелни меѓународни прашања, како што се мисиите на ЕУ во Авганистан и Пакистан, за глобалната улога на Унијата, за мировниот процес на Блискиот Исток, за ситуацијата во Иран. Се очекува Милошоски да информира за постигнувањата на Македонија во процесот на евроинтеграцијата, како и за очекувањата наесен да добие позитивен извештај од Европската комисија и препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ. На состанокот ќе учествува и шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани, но засега нема најава за можна средба со министерот Милошоски.
XS
SM
MD
LG