Достапни линкови

logo-print

Прогноза за времето- денеска сончево, од утре нестабилно


Времето ќе биде сончево и топло. Утринската температура се движи од 13 до 18, а дневната ќе биде од 29 до 35 степени. Во Скопје слично време. Утринската температура се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 33 степени. Од утре попладне ќе настапи дестабилизација на атмосферата со пороен дожд, грмежи и засилен ветер особено во текот на ноќта. Од недела следува период на променливо облачно, ветровито и посвежо време со пад на температурата и до 10 степени во однос на сегашните температури.
XS
SM
MD
LG