Достапни линкови

Ново поскапување на водата во Битола?


Битола

Битола

Покрај тоа што битолчани од идната година ќе плаќаат двојно поскапа вода за пиење, советниците од опозиционата СДСМ предупредуваат дека е можно да дојде до ново поскапување. Тие изнесуваат сознанија дека е подигнат кредит од странска банка наменет за водоводната мрежа во градот, а неговата отплата повторно ќе биде од џебот на граѓаните.

Покрај тоа што битолчани од идната година ќе плаќаат двојно поскапа вода за пиење, советниците од опозицијата предупредуваат дека е можно да дојде до ново поскапување во оваа декада. Повикувајќи се на писмени материјали од Владата, опозицијата посочува дека државата не се откажала од планот за подигање на кредит во германската Ка-еф-ве банка во износ од 1,9 милиони евра. Предвидено е овие средства да бидат наменети за прокети во осум македонски општини, а на списокот е и битолската. Средствата според претходно изработената студија ќе се наменат за водоводната мрежа во градот. Грејс периодот на исплата изнесува десет години, а првата рата ќе треба да се плати во 2019 година во износ од 200 илјади евра. Од опозицијата ставуваат дека тие средства ќе треба да се соберат од џебот на граѓаните преку повисоки сметки за вода. Па, предлагаат:
Доколку се оди со опцијата добивање кредит од КФВ банката, тогаш да ја отповикаме одлуката за зголемување на цената на водата или да одиме со варијанта на зголемување на цената и да се откажеме од кредитот кој што е предвиден во оваа проекција


„Доколку се оди со опцијата добивање кредит од КФВ банката, тогаш да ја отповикаме одлуката за зголемување на цената на водата или да одиме со варијанта на зголемување на цената и да се откажеме од кредитот кој што е предвиден во оваа прокеција“

вели советникот Томе Наумов од СДСМ.
Јавното претпријатие „Водовод“од Битола поскапување на водата побара заради финансиската немоќ да инвестира во обнова на застарениот водоводен систем. Советот одлучи водата да поскапи за 115 отсто. Тоа значи дека наместо досегашните 14 денари за кубен метар, домакинствата ќе плаќаат 30,25 денари. Пред поскапувањето, за средствата од кредитот не се кажуваше дека се на повидок. Еве, што тогаш рече директорот на „Водовод“.

„Единствени средства кои можат да дојдат во „Водовод“, тоа е кредитот од КФВ банка, кој подолго време е во процедура како прокет, меѓутоа кога ќе се реализира не можеме точно да кажеме. Со студијата на КФВ банка предвидено е исто толкаво покачување на водата колку што ние бараме сега. Ние не измислуваме топла вода. Просто и едноставно е прашањето дали сакаме водоводен систем кој е надежен и кој ќе ни овозможи во еден нареден период да немаме грижа за вода или сакаме да поправаме се повеќе и повеќе дефекти низ градот, да копаме се повеќе улици.“

рече директорот Зоран Илиоски.
Сега тој појаснува дека Владата ќе го земи кредитот бидејќи се работи за меѓудржавна работа. После тоа, сите услови за тој кредит ќе бидат доставени до општините да одлучат дали ќе го користат или не. Засега, вели Илиоски, не е стигнато барање до нив, ниту понуда од Владата за користење на кредитот. Битола има стар водоводен систем во кого не е инвестирано со години.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG