Достапни линкови

logo-print

4 години затвор за казахтански активист за човекови права


Познатиот казахтански активист за човекови права Евгениј Жовис, денеска е осуден на четири години затвор. Жовис е осуден, зашто возејќи со автомобил згазил човек. Полицијата не му нашла алкохол во крвта.
Реконструкцијата на настанот покажала дека Жовис не можел да ја избегне несреќата, затоа што жртвата, која била пијана, неочекувано излегла пред неговиот автомобил. Во второто вештачење е утврдено дека Жовис имал алкохол во крвта и дека можел да ја избегне несреќата.
Активистите за човекови права сметаат дека ова е обид за замолчување на Жовис.
XS
SM
MD
LG