Достапни линкови

Русија ја предупредува Грузија на опасност од нова војна


Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Андреј Нестеренко ја предупредува Грузија дека секој обид да ги спречи бродовите да сигнат до Абхазија може да доведе до воена интервенција. Тој не упатува конкретни закани, но вели дека обидот да се воведе морска блокада на Абхазија, „може да доведе до сериозни вооружени инциденти“. Властите на сепаратистичката Абхазија тврдат дека Грузија задржала 23 брода во Црното Море, блиску до Абхазија.
XS
SM
MD
LG