Достапни линкови

Непристојно однесување на чуварите на амбасадата на САД во Авганистан?


Американската амбасада во Авганистан забрани алкохол и му наложи на американскиот дипломатски персонал за безбедност да го надгледува приватното обезбедување на амбасадата. Овај чекор следи по наводите за сексуално непристојно однесување во нивните објекти.
Непартискиот Проект за надзор над Владата, во писмо до државната секретарка Хилари Клинтон, наведува дека приватното обезбедување од компанијата АрморГруп одржувало забави во нивниот камп, се соблекувале речиси голи, пиеле алкохол и ги злоупотребувале Авганистанците.
XS
SM
MD
LG