Достапни линкови

Како Македонија да делува за решавање на спорот со името?


Посредникот во спорот за името Метју Нимиц

Посредникот во спорот за името Метју Нимиц

Според експертите, потребно е Македонија да инсистира Грција да ја применува спогодбата потпишана во 1995 година, според која не треба да се попречува македонската интеграција во ЕУ и НАТО

Грција води се поостра политика по Букурешт и може да се очекува ново вето оценија неодамна претставници од владата. Во такви услови се поставува прашањето дали ние повеќе се занимавме како се однесува другата страна и како треба да делуваме да го решиме спорот за разликите околу името , како проблемот што таа земја го има со нашето име. За дел од екпсертите насоката во која треба да се однесуваме и постапуваме ни ја дава меѓународниот документ од 95-та кој ја обрзува и Грција и нас, и кој е под патронат на ОН а поптшишан и од претсеадтелот на САД. За поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле времната спогодба со која беше постигнат договор да се разговара за разликите околу името, а Грција да не и го попречува интегрирањето на земјава во сите мултилатерални организации доколку таа прифати тоа да биде напревено под референцата БЈРМ, е најсилното орудие што Македонија го има во свои раце уште од самиот почеток па и денес

„Сега, особено после нашата тужба, треба како дипломатија насекаде да лобираме Грција да биде принудена од ОН, од САД, од нејзините сојузници во НАТО и ЕУ, како одговорна и европска држава да го почитува договорот што го потпишала.“

Оној ден кога Македонија и Грција ке станат партенери во НАТО тогаш разговорите преминуваат во поквалитетна фаза на разговори мегу две сојузнички држави каде со самото членство макар и под референцата БЈРМ го го елиминараат диокатот и уцената како грчко орудие во овој момент вели Чашуле, објснувајки зошто ова за нас е добро и остварливо. За Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност е правилна постапка што ја тужи Грција но дека нема маневрски простор односно дека меѓународните односи немаат правна заснованост туку пред се политичка.

„Не може тоа да го прави посебно со спогодбата од 1995 година, но еве, има поддршка од ЕУ, има поддршка од НАТО.“

Според него битно е македонија во наредниот период да го зачува својот индентитет, да се однесува конструктивно и да придонесува кон добрососедските односи

„Со ова што ние како држава ги провоцираме, со античка Македонија, со ова, со она, не придонесуваме кон добрососедските односи, тоа е факт.“

Чашуле има свое гледиште

„Се што се наоѓа на територијата на нашата држава денеска, а е длабинска историја, припаѓа на светот, а бидејќи е лоцирано кај нас ни припаѓа нам.“

Грција ке се обиде да докаже дека со тоа што тврдиме дека ова е најдено кај нас ја узурпираме времената спогодба но тоа не држи вода нагласува тој .

„Затоа што Грците и ние отидовме на Меѓународниот суд на правдата во Хаг да ја браниме спогодбата. Грција прифати да дојде во Хаг и да ја брани спогодбата, дека не ја нарушила, ако не ја нарушила таа за нив е валидна, ако е валидна, мора да ја примени.“

Со времената спогодба двете страни се договорија да разговараат за разликите околу името а Грција да не и го попречува интегрирањето на Македонија во сите мултилатерални организации доколку таа прифати тоа да биде напревено под референцата БЈРМ Во целиот овој макотрпен процес досега на разговори кои се претворија во натегања и надвања не се постигна квалитетно решение.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG