Достапни линкови

Нова истрага за убиството на Политковскаја


Рускиот Врховен суд нареди нова истрага за убиството на новинарката Ана Политковскаја. Руските новински агенции објавија дека Судот го вратил случајот назад до обвинителството за нова истрага. Политковскаја, силен критичар на Кремљ, беше застрелана пред три години во Москва. Двајцата осомничени беа ослободени во февруари годинава по што семејството на Политковскаја побараа нова истрага за убиството.
XS
SM
MD
LG