Достапни линкови

Потрага по жртвите од земјотресот на Јава


Продолжуваат напорите на спасувачките екипи по вчерашниот силен земјотрес што го погоди индонезискиот остров Јава. Бројот на жртвите од земјотресот со сила од 7 степени според Рихтеровата скала се зголеми на најмалку 46. Повеќе од 400 лица се повредени, а десетици се уште се водат за исчезнати. Официјални лица изјавија дека земјотресот оштети илјадници куќи во Западна Јава. Најтешко погодена беше областа на околу 100 километри јужно од главниот град Џакарта, каде што земјотресот предизвика лизгање на земјиштето.
XS
SM
MD
LG