Достапни линкови

Караманлис најави предвремени избори, јавуваат западни медиуми


Грчкиот премиер Костас Караманлис синоќа во телевизиско обраќање најавил одржување предвремени избори без да прецизира датум, нагласувајќи дека државата има потреба „да го прочисти политичкиот пејзаж во услови на финансика криза“. Караманлис ќе се обиде да добие нов мандат за да може да спроведе построги економски реформи за да се справи со економијата, ги пренесува МИА пишувањата на западни медиуми. Тој не прецизирал датум на одржување, но според очекувањата, предвремените избори ќе се одржат во октомври. Инаку, во последните анкети конзервативците на Караманлис се шест проценти зад социјалистите, а рејтингот дополнително им опадна по големите пожари во близина на Атина.
XS
SM
MD
LG