Достапни линкови

Ребалансот нема да донесе економско заздравување?


Скопје

Скопје

Опозиционите партии сметаат дека ребалансот на буџетот нема да придонесе за подобрување на економската состојба во земјата. За опозицијата, Владата и натаму не се откажува од непродуктивните трошоци со што ребалансот на буџетот е чиста козметика.

Ребалансот на Буџетот нема да придонесе кон економско опоравување во земјава, сметаат претставници на опозицијата. Откако министерот за финансии Зоран Ставревски ги обелодени деталите од последниот ребаланс на народната каса, пратениците на опизициските партии велат дека се потврдиле нивните забелешки и приговори. Министерот Ставревски на прес конференција посочи дека се направени значителни кратења на трошоци од овогодинешниот буџет, со тоа што, меѓу другото, се намалени трошоците за дневници и службени патувања, одложена е изградбата на некои објекти и набавката за автобуси за главниот град

„Значи имаше кај речиси проекти одредени корекции, со тоа што овие што ги споменав ќе овозможат да се задржи макроекономската стабилност, да се оддржат притисоците врз платниот биланс и буџетскиот дефицит да се оддржи во проектираните рамки.“
Значи според мене станува збор за козметика и очигледно владата нема намера да се соочи со реалноста. Имаме сериозни проблеми што според наша проценка ќе доведат до тоа да имаме уште еден ребаланс на буџетот до крајот на годинава


Според пратеникот на опозициската СДСМ Владо Бучковски, ребалансот на Буџетот е козметика:

„Значи според мене станува збор за козметика и очигледно владата нема намера да се соочи со реалноста. Имаме сериозни проблеми што според наша проценка ќе доведат до тоа да имаме уште еден ребаланс на буџетот до крајот на годинава.“

Бучковски додава дека владата се уште не се откажала од непродуктивните трошоци.

„Реално владата не се откажува од оние трошоци што ,,бодат очи“, а тоа е упорното рекламирање, трошењето на народни пари за непродуктивни трошоци во делот на замислената културна преродба на државата.“

Од опозициската Нова Демократија исто така велат дека понудениот ребаланс, кој треба да се најде пред Собранието не е специфичен. Пратеникот од оваа партија Сулејман Рушити вели дека во понудениот ребаланс нема конкретни мерки за подобрување на економската состојба во Македонија:

„Мерките што се преземени не се соодветени, а такви мерки неможат да дадат позитивни резултати. Треба посериозно да се сваќа економскиот проблем во државата и да не се инвестира, односно да се настојува да се инвестира во некои сектори кои што се само за пополнување на егото на некој човек.“

Инаку министерот Ставревски повторно посочи дека годинава се очекува раздвижување на економијата во четвртиот квартал од годинава.
XS
SM
MD
LG