Достапни линкови

logo-print

Индија ја потврдува мисијата Аполо 15


Индиската државна вселенска агенција соопштува дека нивната прва вселенска мисија обезбеди слики од местото на Месечината на кое слета Аполо 15. Портпаролот на Агенцијата соопштува дека фотографиите ја потврдуваат веродостојноста на мисијата на Аполо 15.
Овие слики не одат во прилог на теориите на заговор, според кои програмата Аполо на НАСА, која ги вклучува слетувањето на Месечината на Аполо 11 во 1969 и мисијата на Аполо 15 во 1971, се измама.
Индиското вселенско летало сними околу 70 илјади фотографии, пред откажувањето на компјутерот минатата недела.
XS
SM
MD
LG