Достапни линкови

Кохут: Решете го името за да ги почнете преговорите со ЕУ


Чешкиот министер за надворешни работи Јан Кохут порача дека би било добро спорот за името со Грција да се реши што поскоро, за Европскиот совет во декември да може да донесе одлука за почнување на преговорите со Македонија, имајќи предвид дека таа одлука се носи со консензус на земјите членки на Европската Унија.
По денешната средба со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски во Скопје, тој рече дека Чешка очекува Македонија да ги исполни зададените осум одредници и да добие позитивен извештај од Европската комисија.
Министерот Милошоски рече дека Македонија, во октомври, очекува позитивен извештај од Европската комисија.
XS
SM
MD
LG