Достапни линкови

Македонија со големи шанси за пласман на СП во фудбал?


Фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Шпанија

Фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Шпанија

Како никогаш претходно, на две кола пред крајот на квалификациите, македонската фудбалска репрезентација е втора во својата група и сама одлучува дали ќе остане на позицијата која носи бараж за пласман на СП во фудбал во Јужна Африка.

Во годината во која клупскиот фудбал ги преживува најтешките моменти, македонската фудбалска репрезентација е пред најголемиот успех. Како никогаш претходно, на две кола пред крајот на квалификациите, нашиот национален тим е втор во својата група и сам одлучува дали ќе остане на позицијата која носи бараж за пласман на СП во Јужна Африка. Тоа нема да е ни малку лесно, бидејќи баражот не ни е загарантиран ниту со победи на гостувањата во Шкотска в сабота и во Норвешка наредната среда. И со тие 6 бодови може да останеме последни меѓу вторите од десетте групи. Но, кога се знае дека досега врвот во квалификациите ни е четвртото место, тогаш е јасно дека останувањето само зад недопирливата Холандија ќе е голем успех. Затоа и претстојните средби предизвикуваат огромен интерес, но и убеденост дека нема да ни избега историскиот подвиг. Оптимизмот се должи на проценките дека во моментов имаме повеќе адути за триумф во Глазгов и Осло. Таму, според селекторот на женската репрезентација, Добре Димовски, од пресудно значење може да биде:

„Зрелоста на нашата репрезентација и атмосферата во моментот, ни се пружа шанса да одиме понатаму. Мислам дека тие адути, ако се склопат заедно со желбата, сакањето, мислам дека може да одиме понатаму.„
Ние сега имаме играчи кои се сите надвор, туку имаме играчи кои играат во големи клубови. Значи ние не сме веќе аутсајдери, туку имаме искусни играчи, со еден Пандев мислам дека мораме и можеме Македонија да ја искачиме на повисоко место


Изјави Димовски.
Со неговото мислење се согласува и поранешниот кормилар на младата селекција - Зоран Смилески, која додава дека уште повеќе во прилог ни оди тоа што ние немаме императив за пласман во баражот, за разлика од ривалите кои во овој циклус влегоа како фаворити за тоа место. Тоа треба да ни го олесни остварување на сонот, за што се неопходни победи и во Глазгов и во Осло. Ни малку лесна задача, но Смилески е убеден дека Македонија има сили да одговори на предизвикот.

„Ние сега имаме играчи кои се сите надвор, туку имаме играчи кои играат во големи клубови. Значи ние не сме веќе аутсајдери, туку имаме искусни играчи, со еден Пандев мислам дека мораме и можеме Македонија да ја искачиме на повисоко место.„

Рече стратегот кој својот оптимизам го темели и на актуелните случувања во светскиот фудбал, каде што со давање максимум, секој може да победи секого. Тоа го потенцираат и љубителите на фудбалот, кои на прашањето можеме ли да стигнеме до баражот, одговорија:


„Ако се трудат, ако дадат се од себе, зошто да не.“

„Може зошто да не, последната игра им беше феноменална. Само напад, офанзивен фудбал и да се оди на победа.“




Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG