Достапни линкови

logo-print

Бомби во Атина и Солун


Две рачно изработени бомби експлодираа во Атина и Солун, јавија новинските агенции повикувајки се на полициски извори.Во експлозија пред Атинската берза, полесно е повредено едно лице и е направена помала штета на зградата и врз 8 автомобили. Другата експлозија се случи пред владина зграда во Солун, при што е причинета помала штета. Полицијата се сомнева дека зад експлозиите стоји левичарската екстремистичка Револуционерна Борба.
XS
SM
MD
LG