Достапни линкови

Големите сили на средба за нуклеарната програма на Иран


Официјални претставници на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и на Германија, денеска во Франкфурт ќе разговараат за нуклеарната програма на Иран. Средбата доаѓа еден ден по изјавата на главниот ирански преговарач за ова прашање, дека Техеран подготвува нов пакет предлози за смирување на загриженоста на Меѓународната заедница во врска со нивната нуклеарна програма. Американскиот Стејт департмент соопшти дека ќе биде разгледана секаква понуда која е сериозна и во духот на заемното почитување.
XS
SM
MD
LG