Достапни линкови

Кои се придобивките од членството во ЕУ?


Знамето на Европската Унија
Знамето на Европската Унија

Запознавањето на граѓаните со придобивките од приклучувањето на Македонија во ЕУ ќе биде главна цел на проектот ,,Акција за Европа“ во организација на неколку невладини организации. За таа цел ќе се организираат јавни дебати во повеќе градови низ земјата.

Започнува третиот циклус на проектот ,,Акција за Европа“ на Македонскиот Центар за европско образование, Институтот отворено општество и Младинскиот Образовен Форум. Тие до трети октомври ќе ги информираат луѓето низ земјава за придобивките од приклучувањето на Македонија во европското семејство. Голем дел од граѓаните ги знаат поволностите, кои ќе ги донесе Унијата. Но има и такви кои воопшто не се интересираат и кои сметаат дека тоа нема да ја подобри моменталната ситуација на земјава.
Заради недостигот на дебата, недостигот на информации потребно е на народот да му се понуди можност да дебатираат за прашањата поврзани со процесот за пристапување во ЕУ


„Ако влеземе во семејството, ќе бидеме побогати, ќе видиме нешто подобро отколку сега.“

„Подобри законски регулативи, поголема заштита од војни и други несреќи, спојување со европското образование, можност за патување.“

„Не сум запознаена.“

Во проектот ќе учествуваат членовите на овдешните амбасади на земјите членки во ЕУ од земјава, мисијата на ЕУ во Скопје и евроамбасадорот Фуере, ќе има претставници од европската тинк тенк организација, кои ќе говорат за своите искуства. Проектот е поделен на два циклуса, вели Кире Секуловски од ФИООМ.

„Првиот дел ќе биде состваен од информативна сесија, односно презентација на куси документарни филмови, додека пак самата информативна сесија ќе се состои од отворена дебата, значи самите граѓани ќе можат да поставуваат прашања и да дознаат одредени работи за ЕУ.“

Сакаме да ги вклучиме и граѓаните, бидејќи досега само политичарите зборуваа на оваа тема, вели Андреја Стојковски од МЦЕО.

„Заради недостигот на дебата, недостигот на информации потребно е на народот да му се понуди можност да дебатираат за прашањата поврзани со процесот за пристапување во ЕУ.“

Овој пат МОФ ќе се осврне и на проблемите, кои ги има земјава за влез во ЕУ. Не сме единствените, кои се соочуваат со пречки на патот вели Анте Гулин.

„Ниту една земја членка не влегла во ЕУ туку така, туку сите имале проблеми кои мора да се решат.“

Акцијата ќе се одвива во дванаесет градови низ земјава, ќе започне во Кратово, а ќе заврши во Битола.




  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG