Достапни линкови

Питер Фејт ги повика косовските Срби да гласаат


Специјалниот претставник на Европската унија во Косово, Питер Фејт ги повика косовските Срби да учествуваат на претстојните локални избори во Косово, во ноември.
Фејт вели дека напорите на Европската унија, областите населени со Срби да добијат поголема автономија се можност што треба да се искористи.
Зборувајќи пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент во Брисаел, Фејт рече дека учеството на Србите на косовските избори нема да влијае на правната позиција на Косово, во однос на неговата независност.
XS
SM
MD
LG